
АНТОНИЕ И КЛЕОПАТРА
Архива 2015
За претставата
АНТОНИЕ И КЛЕОПАТРА В.Шекспир АНТОНИЕ И КЛЕОПАТРА превод: Драги Михајловски Адаптација и режијa: Џон Блондел Драматург: Билјана Крајчевска Соработник на текст: Рандал Мартин Асистент режисер: Јован Ристовски Сценографија: Валентин Светозарев Костимографија: Благој Мицевски Сценски движења: Рисима Рисимкин Музика: Миодраг Неќак Светло: Илија Димовски Инспициент: Митко Ивановски Суфлер: Зорка Ѓаковска Фотографии: Александар Буневски Премиера: 22.06.2015 Улоги: Антоние (триумвир на Рим): Петар Горко Октавијан Август (триумвир на Рим): Марјан Ѓoрѓиевски Лепид (триумвир на Рим), Пророкот, Ерос (пријател на Антоние) , Стражар: Борче Ѓаковски Домитрие Енобарб (пријател на Антоние): Викторија Степановска Клеопатра, кралица на Египет: Валентина Грамосли Октавија- сестра на Цезар, Гласник, Војник, Шут: Елена Моше Хармија (придружничка на Клеопатра): Соња Михајлова Ира (придружничка на Клеопатра), Гласник, Тидија (пријател на Цезар), Војник, Диомед и Мардијан (евнуси на Клеопатра): Петар Спирковски Шекспир во 1606 г. ja напиша oваа голема трагедија како последна од низата четири неверојатни трагедии што и претходеа: Отело, Крал Лир и Магбет. Многумина (како и јас лично) ја сметаат Антоние и Клеопатрa како најтешка драма, но истовремено и како највозвишено уметничко достигнување на Шекспир. Таа ги поместува границите на сцената до една критична точка, претставувајќи еден опсег на дејство и ситуации кои не можат да се споредат со ниту една друга драма, не само на Шекспир туку воопшто и опишува неверојатно комплексни ликови -богато нијансирани и постојано контрадикторни. Антоние и Клеопатра го прикажува опојното влијание на Моќта и Копнежот, како и сеизмичките промени кои се појавуваат во поголемиот дел од цивилизираното општество кон залезот на последниот милениум пред новата ера. Па, и во поглед на вербалната поезија, таа претставува најголемиот дострел на Шекспир. Познатиот англиски академик и критичар Г. Вилсон Најт ќе каже „кога станува збор за таква поезија, ние сме сe помалку свесни за сe останато освен за онаа турбулентна моќ, бранувањата и крешендата од длабочините надвор од границите на вербалната дефиниција и како што се развива, енергијата се насобира во еден колосален бран на страст, а темпото и жестината растат“. Оваа изведба се обидува да ја скроти таа турбулентна енергија на драмата и да создаде бран на страст кој ќе се издигне, ќе се разбранува и плисне во публиката. Ми претставува огромно задоволство и чест да бидам режисер на првото поставување на оваа драма на македноски јазик, преку еден нов и моќен превод на неспоредливиот Драги Михајловски и на мое огромно воодушевување, да соработувам со извонредните уметници од Народниот театар Битола. Џон Блондел, режисер * * * Големи луѓе, пресудни мисли, пресудни чинови, пресудни емоции.Свет на страсти и судбина.Свет во кој лесно и просто се губат животи, држави, се менуваат позиции, се напуштаат жените, мажите, љубовниците, се изневеруваат пријателите, се сака власт. Да, по извесно време , сето тоа ќе се изрелативизира, ќе стивне или едно ќе прејде во друго. Но во дното на срцето сепак ќе остане тоа чувство: што е тоа што вистинско? Дали љубовта ја имаше моќта за промени? Антоние и Клеопатра на Џон Блондел е изведба на промени. Примамлив естетски концепт: во првата половина претставата е комедија, а вториот дел преминува во трагедија.Додека една сцена се претопува во друга, се доловува филмскиот ритам на претставата, како и нејзиниот надреален карактер- ликовите со промената на атмосферата се претвораат во некој друг- лик, сепак постепено приближувајќи се до сопствената пропаст. Крајниот резултат и призор на сцената (кореографски, костимски, сценографски и музички) даваат силна драмска моќ. Да се чита Шекспир, да се режира, да се игра и да се гледа e животна философија. Билјана Крајчевска, драматург
Претстава од архивата
Оваа претстава е играна во 2015 година и повеќе не е на репертоар.
