Кон содржината

ЕДМОНД

Архива 2025

За претставата

ЕДМОНД https://www.youtube.com/watch?v=LZgg5GCCF_w&list=PLWcvsS-lHhhdaL2Nor7e0cSDDpqpquzg_&index=32 ЕДМОНД Дејвид Мемет Режија: Оливер Мицевски Сценографија: Валентин Светозарев Костимографија: Благој Мицевски Музика: Марјан Неќак Светло: Горан Петровски Инспициент: Димитар Михајловски Суфлер: Мирјана Христовска Дизајн на рекламен материјал и видео: Сашо Илковски ПРЕМИЕРА: 28.06.2025 Играат: Огнен Дранговски Валентина Грамосли Соња Михајлова Марјан Георгиевски Ана Грамосли Борче Ѓаковски Александар Стефановски Филип Мирчевски Викторија Степановска Јанкуловска Маја Андоновска Илијевски ЕДМОНД го следи вртоглавото / спирално патување на бизнисменот Едмонд Бурк и неговите кошмарни 48 часа во њујоршкото подземје, каде што барајќи возбуда и среќа, од баналноста на неговата канцеларија и монотон семеен живот завршува како убиец и подоцна како затвореник, најверојатно осуден на доживотен затвор. Богат со многу параболи, референци на Хамлет и Библијата, прошаран со несекојдневно брутален јазик и агресивни сцени, главното прашање коешто ЕДМОНД го отвора е прашањето на слободата. Што е слободата всушност? Дали потрагата по слобода прави всушност, незабележително да станеме робови на својата (потрага по) слобода. Дали откажувањето / лимитирањето на своите желби го олеснува патот кон слободата? Не случајно, мотото на ЕДМОНД е : "Внимавај што посакуваш." Иронично, Едмонд изјавува дека е конечно слободен и среќен дури на крајот, по сите перипетии, во затвор, со крајно лимитирана слобода на движење ... Во времето во коешто живееме, каде што многу лесно може да имаме се, кога се ни е достапно, кога нашето “силување” на слободата не направи најнесреќни луѓе во историјата на човештвото, ЕДМОНД на Дејвид Мемет е повеќе од потребен. Не како лекција, бидејќи не верувам во дидактичен театар / театар што испраќа пораки, туку како можност за рефлексија на сите нас, да се запрашаме кои сме, каде одиме и какви сакаме да бидеме. Оливер Мицевски, режисер

Претстава од архивата

Оваа претстава е играна во 2025 година и повеќе не е на репертоар.