Кон содржината

КОКОШКА

Архива 2015

За претставата

КОКОШКА Автор: Николај Кољада Режија: Марјан Георгиевски Сценографија: Валентин Светозарев Костимографија: Благој Мицевски Драматург: Оливера Павловиќ Светло-мајстор: Игор Мицевски Тон-мајстор: Николче Терзиевски Суфлер: Мирјана Христовска Испициент: Оливер Петровски Премиера: 09.02.2015 Играат: Јулијана Мирчевска Катерина Аневска Соња Ошавкова Александар Димитровски Николче Пројчевски Николај Кољада – „сонцето на руската драматургија“, како што самиот еднаш се нарече, и како што го нарекуваат, кој иронично, кој со уважување, театарските дејци ширум светот – веќе три децении предизвикува голем интерес во театарскиот свет. Неговите пиеси се поставувани во најзнаменитите театри во Русија, преведени се на многу јазици и се изведуваат во Германија, Италија, Англија, САД, Швајцарија … „Феноменот Кољада“ во театарот не е случаен: тој е извонреден драматург – неговите пиеси се интересни за анализа и во нив има за што да се размислува. Кољада е можеби суров во својот натурализам, тој не нуди лажна утеха за животот таков каков што е, но и не го остава човекот без потпора во неговата потрага да се извлече од празнината и небитието. Прифаќајќи ја драмата на својот живот како свој живот, неговите ликови создаваат можност да се прифатат себеси како луѓе, а со тоа и светот светот на сопствените можности како добар свет за себе. Оливера Павловиќ, драматург

Претстава од архивата

Оваа претстава е играна во 2015 година и повеќе не е на репертоар.