Кон содржината

КРВАВИ СВАДБИ​

Архива 2017

За претставата

КРВАВИ СВАДБИ https://youtu.be/8DS1kTZApk4?si=0wr2mv6e723Shlqj Федерико Гарсија Лорка Режија: Љупчо Ѓорѓиевски Костимограф: Благој Мицевски Сценограф: Валентин Светозарев Композитор: Марјан Нечак Светло: Илија Димовски Вокал: Талевска Биљана Хармоника: Митровски Димитар Инспициент: Мирослав Лазаревски Суфлер: Радојка Димеска Премиера: 14.11.2017 Улоги: Мајката: Соња Михајлова Свршеничката: Викторија Степановска Јанкуловска Жената на Леонардо: Маја Андоновска Илиевски Слугинката: Јулијана Стефанова Сосетката/Смртта: Менка Бојаџиева Леонардо: Огнен Дранговски Свршеникот: Васко Мавровски Таткото на свршеничката: Борис Чоревски Самовили / девојки: Сандра Грибовска, Анастазиа Христовска, Христина Стефановска Деца: Димитра Николова, Јована Горко “Крвави свадби” е еден од најзначајните драмски текстови на 20-от век. Големиот шпански поет и драматург Лорка го напишал во 1932 год. и следната година сам го поставил со огромен успех. Таа драма и денес е непресушна инспирација и живее на многу театарски сцени ширум светот. Неа Лорка ја напишал според вистински настан што го прочитал во весник неколку години порано. Во суштина тоа е лирска љубовна трагедија за бракот од калкулација,за љубовта и љубомората, за страста и крвната освета, за честа и традицијата. Лорка оваа драма ја пишува како внатрешен крик кон заостаната Шпанија во предвечерјето на Франконизмот каде што слободата на личноста се гуши во традиционалните стеги и материјалните калкулации. Од тој крик кој допира и денес се ослободуваат две вечни димензии на човековото битисување – ЕРОС и ТАНАТОС. Претставата е еден танц помеѓу нив при што човекот како играчка се препушта на бурата на страста што се ослободува од тој танц во очајнички обид да ја дофати среќата. Просторните и историските координати распукнуваат и од неа извира митска матрица која во прозаичната денешница делува како темпирана бомба. Љупчо Ѓоргиевски

Претстава од архивата

Оваа претстава е играна во 2017 година и повеќе не е на репертоар.