
ЛАДАЛО -ТРАГИЧНА ЉУБОВ НА ЕДНА ЛУДА ДЕВОЈКА
Архива 2016
За претставата
ЛАДАЛО - ТРАГИЧНА ЉУБОВ НА ЕДНА ЛУДА ДЕВОЈКА https://youtu.be/u_3nMQGEqgE?si=wk-Jl6yrU9sMvKHk Автор: Јукио Мишима Во претставата се користат авторски текстови на актерите и сонет од В. Шекспир Режија: Благој Мицевски Превод од Руски: Оливера Павловиќ Сценографија: Валентин Светозарев Костимографија: Благој Мицевски Музика: Александар Димовски Светло: Илија Димовски Кореографија: Јагода Димовска Фотографија: Димитар Колонџовски Инспициент: Митко Ивановски Премиера: 20.06.2016 Улоги: Канако: Никола Пројчевски Јицуко: Валентина Грамосли Јошио: Марјан Ѓорѓиевски Мадам: Соња Михајлова Стaромодна романса на железничка станица…Секојдневно, без оглед н тоа дали е дожд или жега, во чекалната на железничката станица ќе забележиме една умоболна девојка со необична убавина. Со ладало во рацете , таа седи на клупата и напрегнато се загледува во лицето на секој минувач што ќе се покаже на станицата. Ќе прашаме зошто? Само затоа. Исполнувајќи се со разочарување , секојпат повторно да се врати на својата клупа.Како одговор на пршањето на нашиот коресподент, одговорила дека ладалото е божем од Кандјо. Поточно , еден маж, со која таа некогаш се сретнала на истото тоа место.
Претстава од архивата
Оваа претстава е играна во 2016 година и повеќе не е на репертоар.
