
МОЛИТВА ПО ДОСТОЕВСКИ
Архива 2021
За претставата
МОЛИТВА ПО ДОСТОЕВСКИ Режија: Валентин Светозарев Сценографија: Валентин Светозарев Костимографија: Благој Мицевски Музика: Валентин Светозарев и Фолтин Светло: Горан Петровски Премиера: 21.05.2021 Играат: Огнен Дранговски Катеерина Аневска Дранговска Валентин Светозарев Фолтин Проектот Молитва по Достоевски е инспириран од делото, животот и филозофијата на два светски великани – Фјодор Михајлович Достоевски писател и Владимир Семјонович Висоцки поет, кант-автор , музичар и актер. Претставата Молитва по Достоевски се обидува да ја обедини и соедини музичката и актерската енергија на единствените - групата Фолтин со онаа на актерите Огнен Дранговски и Катерина Аневска Дранговска, катализирана од сценографот Валентин Светозарев и обединета од мотото “Убавината ќе го спаси светот”. Оваа година светот ја одбележува и слави 200 годишнината од раѓањето (по мислењето на по многу компетентни стручњаци) на најголемиот писателски гениј на човековата цивилизација - Достоевски. Како институција која често пати во својата историја се навраќала на делото на генијот Достоевски. Народниот Театар - Битола и овој пат се вклучува во светското одбележување на овој значаен датум. Во формата концерт - претстава покрај цитатите од големите романи: Злостосторство и Казна Браќа Карамазови, Бедни луѓе, Записи од Мртвиот дом, Коцкар како и песните на Владимир Висоцки, прозвучуват уште неколку познати музички теми од Булат Окуджава, Ана Герман и други. Непосредните учесници се и автори на проектот.
Претстава од архивата
Оваа претстава е играна во 2021 година и повеќе не е на репертоар.
