
ПИЈАНИ
Архива 2017
За претставата
ПИЈАНИ https://youtu.be/xty4o6Y_J6Q?si=ITMAfjX2foPwtPjT Автор: Иван Вирипаев Режија: Марјан Ѓорѓиевски Музика: Александар Димовски Сцена: Валентин Светозарев Костими: Благој Мицевски Инспициент: Митко Ивановски Суфлер: Зорка Ѓаковска Премиера: 23.03.2017 Улоги: Илина Чоревска Валентина Грамосли Соња Ошавкова Маја Андоновска –Илијевски Ангела Димитрова Николче Пројчевски Александар Димитровски Живко Борисовски Никола Стефанов Живееме млитав живот полн со банални проблеми; капиталистичката машинерија ги одзема од нас основните етички и морални вредности правејќи нe лицемерни, празни, изгубени, подли, неспособни да се променуваме и да бидеме подобри луѓе. Се изгубивме себе си, а тие до нас стануваат лешеви кои по некоја механика нe поднесуваат; се замислуваме богови на земјата, а единствено што постигнуваме е полно его-станавме муцки полни фалба и ништо друго. Ова е претстава не одговора, оваа претстава поставува прашања: што е вистината, до каде стигнавме, што направивме, какви сме денес, како да си кажеме дека сме изгубена генерација, дека заборавивме да простуваме; како на крајот од трката сфаќаме дека сe е бесмислено, банално. Ете тогаш започнува тишината, тогаш започнува и горчливата комедија – “ Пијани ”. Марјан Ѓеорѓиевски, режисер
Претстава од архивата
Оваа претстава е играна во 2017 година и повеќе не е на репертоар.
