Кон содржината

ПОСЛЕДНАТА НОЌ

Архива 2015

За претставата

ПОСЛЕДНАТА НОЌ Ингмар Вилквист Последната Ноќ Превод: Ана Светозаров Режија: Андреј Цветановски Сцена: Сергеј Светозарев Костими: Марта Дојчиновска Музика: Димитар Андоновски Дизајн на светло : Димче Сапсевски Дизајн на тон : Александар Димовски Инспициент: Мирко Лазаревски Премиера: 14.10.2015 Улоги: Соња Михајлова Марјан Ѓорѓиевски Оваа претстава е обид да покажеме што прави надворешниот свет врз домот на едно семејство, како домот се растура под стегите на она што се случува надвор. Една фамилијарна приказна која е фантастично напишана и иако е дуо драма сепак зборува за историјата на човештвото, едно парче живот во кој се случуваат големи потреси во надворешниот свет, а со тоа и во нивниот изолиран внатрешен свет. Психолошка драма која ги напаѓа сите сетила и емоции. Нешто што ги разрушува и уништува сите оние работи што семејството ги гради. Приказна која зборува за поинакво семејство, понижувано смејство кое успева до таа ноќ да го одржи својот мал, но значаен свет.

Претстава од архивата

Оваа претстава е играна во 2015 година и повеќе не е на репертоар.