
ВОЛШЕБНИТЕ КУЧИЊА И ТАЈНАТА НА КУТИЈАТА
Архива 2023
За претставата
ВОЛШЕБНИТЕ КУЧИЊА И ТАЈНАТА НА КУТИЈАТА Автор Билјана Крајчевска по мотиви на Ханс Кристијан Андерсен Режија: Јован Ристовски Драматург: Билјана Крајчевска Сценограф: Валентин Светозарев Костимограф: Благој Мицевски Музика: Александар Димовски Светло: Горан Петровски Видео: Владимир Переловски Инспициент: Димитар Михајловски Суфлер: Гордана Михајловска Фотографии и дизајн на плакат: Сашо Илковски Премиера: 25.12.2023 Играат: Кристијан Танчевски Наталија Ристеска Илина Чоревска Соња Ошавкова Елена Моше Александар Стефановски Живко Борисовски Никола Стефанов Дете, ова е една приказна како и сите приказни. Има сонување, има волшепства, има вештерка и принцеза и кучиња, и глувче и електричар и што уште не – во тајната кутија. Но, со еден збор, ова е само едно необично патување во светот на другарството. Ќе се запрашате зошто? Затоа што секогаш кога неволјите ти изгледаат дека нема да престанат или кога имаш некоја важна мистериозно - тешка задача за која ти требаат моќи на супер херој- другарството е она што ќе ти помогне и ќе те одведе „право дома“. Дури и онаму, изгубени во некој „чуден свет и измислен свет“, кога ќе сретнеш нови пријатели, со нов изглед и нови лица на крајот сфаќаш дека тоа се оние истите твои другари од реалноста, но тука ги обликуваш со помош на имагинацијата и најважно со силата на љубовта -скриената тајна во волшебната кутија. (Посветена на Лина и Ангел) Билјана Крајчевска, авторка на „Волшебните кучиња и тајната на кутијата“
Претстава од архивата
Оваа претстава е играна во 2023 година и повеќе не е на репертоар.
