ВУЈКО ВАЊА
Архива 2024
За претставата
ВУЈКО ВАЊА ВУЈКО ВАЊА Антон Павлович Чехов Користени преводи: А. Неверова – Христова, О. Павловиќ, Д.Биљановски Режија: Софија Ристевска Петрушева Драматург: Билјана Крајчевска Сценограф: Валентин Светозарев Костимограф: Андреј Ѓорѓиевски Папаз Композитор: Александар Талевски Кореограф: Кире Миладиноски Шминка: Стефанија Стојчевска Дизајн на тон и тон мајстор: Александар Димовски Дизајн на светло и светло мајстор: Горан Петровски Дизајн на видео и рекламен материјал: Сашо Илковски Суфлер: Мирјана Христовска Инспициент: Мирко Лазаревски Премиера: 26.01.2024 ЛИЦА: ВОЈНИЦКИ, ИВАН ПЕТРОВИЧ, ВУЈКО ВАЊА, син на Марија Василевна - ПЕТАР ГОРКО СЕРЕБРЈАКОВ, АЛЕКСАНДАР ВЛАДИМИРОВИЧ, професор на универзитетот во пензија - АЛЕКСАНДАР ДИМИТРОВСКИ ЕЛЕНА АНДРЕЕВНА, негова жена; на 27 години - ЈУЛИЈАНА МИРЧЕВСКА СОФИЈА АЛЕКСАНДРОВНА (СОЊА), негова ќерка од првиот брак - КАТЕРИНА АНЕВСКА – ДРАНГОВСКА ВОЈНИЦКА, МАРИЈА ВАСИЛЕВНА, вдовица на таен советник, мајка на првата жена на професорот - МАРИЈА СТЕФАНОВСКА АСТРОВ, МИХАИЛ ЉВОВИЧ, лекар - НИКОЛА ПРОЈЧЕВСКИ ТЕЛЕГИН, ИЉА ИЛИЧ, пропаднат спахија - ВАЛЕНТИН ДАМЧЕВСКИ ВУЈКО ВАЊА е претстава што многу детално ги разработува темите за изгубената среќа, срушените надежи, стравот од губењето на домот, стареењето, како и болното секојдневно психолошко преиспитување - дали нашите животи се среќни, дали живеевме онака како што сакаме, или без борба се предаваме на околностите што не заобиколуваат. ВУЈКО ВАЊА е претстава за страста, за губењето, за семејството и за разочарувањето, за општествената опресија и за животните избори, за староста, за тагата, но и за надежта, што константно не тера да одиме напред и упорно не стимулира одново и одново да продолжуваме да живееме!
Претстава од архивата
Оваа претстава е играна во 2024 година и повеќе не е на репертоар.
