Кон содржината

ЖЕЛЕЗНО НЕБО

Архива 2023

За претставата

ЖЕЛЕЗНО НЕБО Авторски проект на Марјан Георгиевски, кој заедно со Александар Димовски го создаваат овој "cinema theatre" користејќи повеќе алатки кои ги пружа театарот и филмот го создаваат овој театарски моноспектакл. Дизајн на звук и музика: Александар Димовски Видео оператор: Владимир Переловски Фотографија на плакат: Сашо Илковски Премиера: 05.04.2023 Игра: Марјан Георгиевски Гласови: Јасмина Василева Марко Богдановски Марија Стефановска Невена Ѓаковска Погледнете ја приказната за еден балканец, за се она што му е обесено на вратот, за неостварените мечти, за "зацапаноста" во малограѓанштината, за соништата кои не можат да се остварат. За тоа кога сме притиснати до ѕид - како животни, кога немаме друг избор освен да го земеме животот во сопствени раце. За бегањето од сопствените корени. Како е да се сонува со џебови полни камења? Пред недела дена мислев дека имам совршен живот а денес сакам да си излезам од кожата!

Претстава од архивата

Оваа претстава е играна во 2023 година и повеќе не е на репертоар.